Сејда, сопругата на починатиот пејач Халид Бешлиќ, не престанува да плаче откако тој почина. Според блиските, таа постојано ја повторува реченицата: „Брзо ќе ти се придружам, стари мој.“
Халид Бешлиќ вчера ја изгуби битката со тешката болест, а веста за неговата смрт го потресе целиот регион. Легендарниот пејач беше хоспитализиран во Сараево, каде што и го загуби животот.
Познато е дека Халид Бешлиќ и неговата сопруга Сејда беа во брак уште од 1977 година. Нивната љубов почнала во времето кога Халид штотуку зачекорил во светот на музиката, а Сејда работела во фабрика за чоколадо. Наскоро по венчавката, таа се откажала од работата за целосно да му се посвети на семејството.
Првата средба се случила на прослава по повод Денот на жената, каде што Халид, во шега, ја запросил Сејда. Она што почнало како шега, наскоро прераснало во љубов и заеднички живот.
Поврзани објави
Повеќе од четири децении нивниот брак бил исполнет со љубов и хармонија. Како што открива еден менаџер од Босна, Сејда тешко ја поднела веста за смртта на својот сопруг.
Цело Сараево плаче. Всушност, целиот Балкан. Што да ви кажам – пријател ми се јави плачејќи. Блиските велат дека сопругата тоа многу тешко го поднела. И самата е во лоша здравствена состојба. Се знае дека тие двајца многу се сакаа. Сејда постојано повторува: „Брзо ќе дојдам кај тебе, стари мој.“ Внуците се тука, ќе ги чува како што тој посакуваше. Тоа е толку хармонично семејство што не може да се опише. Никој не очекуваше ваков крај – изјавил менаџерот за српски „Курир“.
И Сејда Бешлиќ има здравствени проблеми, а неодамна се дозна дека и двајцата биле хоспитализирани во иста болница.
Да, и двајцата беа во тешка состојба. Не се толку стари за да нè напуштат. Верувам дека и двајцата ќе издржат. Не бев во болницата, но слушнав дека имале соби една до друга. Таков е животот… но тој беше полн со енергија, и верував дека ќе се избори – изјавил претходно пејачот Халид Муслимовиќ.