Table of Contents
Што е тоа што го уништува нашиот организам? Ендокринолози откриле список на намирници што директно се поврзани со развојот на дијабетес
Дијабетес тип 2 е болест која е поврзана со многу животни проблеми, вклучувајќи и висок крвен притисок.
Иако генетските фактори можат да влијаат врз тоа дали сме подложни на дијабетес, сепак, постојат и добри вести. Раното воведување на некои клучни промени во исхраната може да го намали ризикот, но и развојот на самата болест.
Ендокринолозите откриваат која храна е толку штетна што може да предизвика дијабетес.
Рафиниран шеќер
Рафинираниот шеќер е храна број 1 што предизвикува дијабетес.
„Прекумерната консумација на слатка храна и пијалаци може да доведе до инсулинска резистенција – клучен фактор во развојот на дијабетес“, објаснува доктор Марија Тереза Антон, ендокринолог и едукатор.
„Но едноставно е да се намалат додадените шеќер, а тоа претставува моќен чекор во регулирањето на ризикот од дијабетес“, додава таа.
Доктор Рекха Кумар, се согласува особено кога станува збор за напивките засладени со шеќер, како што се овошните сокови и газираните пијалаци.
„Тие се богати со калории и шеќер, честопати со фруктоза, што е верзија на шеќер која доведува до инсулинска резистенција.
Редовното уживање во слатките десерти или храната богата со јаглехидрати, може да го покачи нивото на шеќер во крвта, предизвикувајќи му зголемен стрес на инсулинскиот одговор на телото“, откриваат експертите, додавајќи дека умереноста е клучна, како и големината на порциите.
Мерењето на храната, пиењето голема чаша вода пред оброкот и бавното џвакање се неколку корисни начини да престанете со прејадување.
Рафинираниот шеќер може да се најде во сè, од конзервираното овошје и десертите на база на млечни производи до печивата. Ако имате желба за нешто слатко, земете вистинско овошје кое ќе направи голема разлика кога здравјето е во прашање.
Поврзани објави
Шеќер има и во преливите за салата и сосовите што ги користиме секојдневно за да го подобриме вкусот на месото.
Јаглехидрати
Одбегнувањето намирници како бел леб, слатки житарки и пржена храна може да придонесе за општото здравје и за управувањето со ризикот од дијабетес.
Што да јадете наместо тоа?
Зголемете ја консумацијата на свеж зеленчук, влакна и немасни протеини. Со секој оброк јадете по чинија свежа сезонска салата.
Што уште да правите за да го намалите шеќерот?
„Активните мускули подобро го обработуваат шеќерот“, советуваат експертите и додаваат дека 150 минути неделно треба да имате активен тренинг и 75 минути неделно тренинг за сила.
Тоа може да биде трчање, планинарење или возење велосипед. Клучни за снижувањето на шеќерот во крвта се исхраната и вежбањето, но и одбегнувањето стресни ситуации, како и активниот сон.
„Хроничниот стрес и недостигот од сон можат да влијаат врз нивото на хормоните и резистенцијата на инсулин“, велат докторите, па така применувањето холистички пристап кон благосостојбата е од суштинско значење за превенција на дијабетес.
Суплементите исто така може да бидат корисни, особено витамин Д и магнезиум.
ФОТО: Myriam Zilles / Unsplash