Грицкалката за нокти не е само обична алатка за скратување на ноктите – нејзиното мало дупче крие интересна и корисна намена.
Грицкалката е алатка која сите ја користиме, но ретко обрнуваме внимание на ситните детали. Сепак, постои еден дел кој многумина не го забележуваат – малото дупче на крајот на алатот.
Иако изгледа како неважен елемент, всушност има практична функција која може да го олесни секојдневното одржување на ноктите.
Првата и најчеста намена на ова дупче е можноста да се провлече приврзок и да се прицврсти грицкалката за клучеви или несесер, со што секогаш ќе ја имате при рака. Но, уште покорисна функција е што може да се користи за дополнителна хигиена – совршена е за чистење на нечистотија под ноктите. Едноставно со воведување на врвот на ноктот во дупчето, брзо и ефикасно можете да ја отстраните нечистотијата, што го прави овој мал алат уште попрактичен.
Како правилно да ја користите грицкалката?
Поврзани објави
Козметичарите советуваат ноктите да ги сечете по туширањето, кога се омекнати и полесни за обликување. Клучно е да користите остар и чист алат за да избегнете лупење на ноктите и можни инфекции. Ноктите на рацете се препорачува да се скратуваат еднаш неделно, додека ноктите на нозете можете да ги средувате неколку пати месечно, поради нивниот побавен раст.
Дополнителен совет за нега на ноктите
По сечењето на ноктите, не заборавајте да нанесете хидратантен крем за да ја сочувате нивната еластичност и здрав изглед, советуваат стручњаците.
Текст: Убавина и здравје