Првиот број на магазинот „Гудељ“ излегува на 1 јуни, а зад овој семеен проект стојат Небојша и Оливера Гудељ со децата Вања, Драгиша и Немања, како и снаата Анастасија Ражнатовиќ, пејачка и сопруга на познатиот фудбалер.
И покрај гласините дека семејството на Немања не ја прифатило Анастасија и дека не биле најсреќни поради неговиот љубовен избор, страсите се смирија, а доказ за тоа се и фотографиите што наследничката на Цеца ги објавува на социјалните мрежи заедно со семејството на својот сопруг.
Семејството Гудељ, познато по спортските успеси, сплотеноста и блискоста, сега реши да ја сподели својата приказна со светот, и тоа во магазинот што го носи нивното презиме.
Во официјалното соопштение, Оливера откри дека целата идеја произлегла од желбата да се раскаже автентична и силна семејна приказна.
Поврзани објави
Магазинот ‘Гудељ’ е создаден со љубов, инспирација и восхит кон единствената приказна на едно семејство. Секоја страница содржи емоции, внимателно избрани зборови и визуелни прикази што зборуваат повеќе од зборови. Со нетрпение очекуваме да видите на што работевме, и се надеваме дека ќе го почувствувате онака како што ние го создадовме со срце“, порача Оливера.
Како што дознаваме, магазинот ќе содржи ексклузивни приказни за спортските успеси на семејството Гудељ, но и за животните предизвици, вредностите што ги негуваат и секојдневието што сега го делат и со ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ – Анастасија.
Магазинот ќе биде достапен и во дигитална верзија, а според најавите, станува збор за уникатна комбинација на семејни вредности, естетика и силна емотивна приказна.
Фото: Printscreen Instagram