Марина Кајмакоски открива како се чувствува пејачот и семејството по шокантниот настан
Сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски, Марина Кајмакоски, проговори откако пејачот беше киднапиран и пронајден врзан во автомобил. Таа откри дека целото семејство сè уште е под голем стрес по драматичниот настан.
Даниел беше киднапиран по настап во „Бетон хала“, а киднаперите побегнаа пред да биде ослободен. Марина истакна дека пејачот сега е добро, се опоравува и е со неа и семејството.
Поврзани објави
Сопругата додаде дека не може да зборува за детали од случајот поради истрагата. Сè е доверено на адвокатот, а таа апелира до јавноста за разбирање.
Драмата околу киднапирањето на Даниел ја шокираше целата естрада, а долгогодишната соработничка на пејачот, Мартина Врбос, изјави дека најважно е што сè завршило добро и дека пејачот е безбеден.
printskrin youtube – daniel kajmakoski – TOXIC TELEVISION