Почетна СветСите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

од nenad
1 минути читај за

По изборот на нови директори на полициските управи во 12-те окрузи во Албанија, од денеска нови началници имаат и сите 48 полициски комесаријати. На конкурсот учествуваа 274 кандидати, а врз основа на проценка избрани се 48. Изборот е направен врз основа на конкурентност, стои во објавата на министерството во која се наведени и нивните имиња.

Ова е последователна реорганизација на полициските комесаријати, по доаѓањето на Илир Прода за генерален директор на албанската полиција на почетокот на октомври.

Сите избрани директори и началници го поминаа процесот на проверка – ветинг, како и други неопходни проценки. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да разберат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.

Хоџа на чело на МВР дојде на крајот на јули а на почетокот на октомври за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Прода.


Post Views:
40

Извор : vesnik-ilinden.com

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители