Актерката Марго Роби изгледа совршено седум месеци по породувањето
Седум месеци откако родила син, австралиската актерка Марго Роби (34) ја покажала неверојатната става на плажа во Квинсленд, каде што друштво ѝ правел сопругот, британскиот продуцент Том Акерли.
Фотографите ја фотографирале ѕвездата од филмот „Барби“ додека уживала во пливањето, во дводелен сив костим за капење, а медиумите пишуваат дека сите ги воодушевила со затегнатото тело и природната убавина.
margot robbie in australia recently ☀️ pic.twitter.com/vkuprbngAR
— ໊ (@addictionmargot) April 19, 2025
Таа покажала и нов детаљ: златен ѓердан со натпис „мама“. Новите родители изгледале многу среќно за време на своето велигденско патување. Додека си заминувале од плажата, Том ја држел својата сопруга околу половината, додека го носел синот завиткан во ќебенце украсено со мотиви на коала.
Том и Марго се запознале во 2013 година додека работеле на филмот Suite Francaise, каде што тој бил помошник режисер, а таа глумела.
Тие ја зацврстиле својата врска откако се вселила во куќа со четири спални соби во јужен Лондон, заедно со уште неколку пријатели. Марго подоцна го опишала тоа како „најдобриот ден во нејзиниот живот“.
Двојката сè уште го нема откриено името на своето прво дете.
Диетата на Марго Роби
Не се знае точно дали Марго Роби држела диета за да ја доведе ставата до совршенство, но постои веројатност дека ја држела својата стара диета, што ја користела за улогата на Барби во истоимениот филм.
Поврзани објави
За „Барби“ диетата зборувала за магазинот British Women Health.
she’s so fit pic.twitter.com/U0lmgkJXDx
— best of margot robbie (@margotposts) April 20, 2025
Оваа исхрана се базира на протеини и влакна, додека шеќерот комплетно се исфрла, особено првите 10 дена. Во овој период забрането е и овошје. Потоа, дозволено е една овошка дневно.
Дневниот внес на калории не би требало да надминува 1200.
Вака изгледало менито на актерката во текот на еден ден:
„Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам пилешка салата, а за вечера шницла од туна и сладок компир. Преку ден пијам чај, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија“, раскажала Марго.
Покрај здравата исхрана за улогата на Барби, Марго практикувала тренинзи со висок интензитет и пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но кога не се подготвувам за улога, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, открила убавата русокоса.
ФОТО: Инстаграм, Х