Почетна Убавина и здравјеСинот на Дара Бубамара не сака во естрадата, ова му е најголемата страст (ФОТО) – Убавина и здравје

Синот на Дара Бубамара не сака во естрадата, ова му е најголемата страст (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Коста Кесиќ е насочен кон бизнис и криптовалути, а не кон музичката кариера на својата мајка

Коста Кесиќ, синот на пејачката Дара Бубамара, сè повеќе покажува сериозен интерес за светот на криптовалутите и инвестициите, во кои веќе подолго време сака активно да вложува. Иако расте во естрадно семејство, неговите амбиции се насочени кон сосема поинаква иднина.

Дара во неколку наврати истакнала дека е исклучително горда на својот син, нагласувајќи дека израснал во вистински џентлмен и млад човек со јасно поставени цели. И покрај тоа што има можност лесно да зачекори на музичката сцена, Коста, според сè, не гледа себе си во естрадата.

Коста естрадата воопшто не го интересира. Негова цел е да создава пари и да се оствари во деловниот свет. Посебно го привлекуваат криптовалутите. Сигурно ќе има нешто од него“, открива добро информиран извор близок до семејството.

Printscreen/Instagram/darabubamara_official

За потсетување, Дара Коста го доби во бракот со бизнисменот Милан Кесиќ. Иако нивниот брак заврши со развод, двајцата родители се труделе на синот да му обезбедат стабилно и безгрижно детство. Тој посетувал престижни приватни училишта, а родителите внимавале да не ги почувствува последиците од нивниот разделен живот.

printscreen instagram/darabubamara_official