Почетна ЕкономијаСИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА – ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА – ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ

од nenad
1 минути читај за

Во повеќе делови од државата попладнево е регистрирано силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилната временска маса се движи од југозапад кон североисток и зафаќа поголем дел од територијата на Македонија.

Невремето во моментов е активно и во Скопје, каде граѓаните сведочат на интензивни врнежи и темни облаци над градот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека најпогодени се југозападните и централните региони, каде локално има пообилни врнежи, електрични празнења и повремено силни налети на ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека и во текот на утрешниот ден времето ќе биде нестабилно, со услови за поинтензивно невреме, обилен дожд и можна појава на град во одделни делови од земјата.

За недела се најавува засилен северен ветер и постепено намалување на температурите.