Почетна ЕкономијаСЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

СЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

од nenad
1 минути читај за

-Немам детали за Ал Шифа, но знаеме дека е бомбардирана, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, додавајќи дека на местото имало „интензивно насилство“, пренесе Ал Џезира.Палестинските власти соопштија дека едно лице е убиено, а неколку други се ранети, пренесе Гардијан.

   

Има извештаи за интензивни борби меѓу израелските сили и борците на Хамас во близина на болницата Ал Шифа, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои наводно се гледаат повредени луѓе во болницата Ал Шифа, каде што многу жители на Газа се засолниле.

-Ова е чекалната под која се засолниле внатрешно раселените лица, изјави директорот на болницата Медхат Абас за Си-Ен-Ен.Израелската војска (ИДФ) ја обвинува палестинската милитантна група Хамас дека ги крие своите борци во болниците и дека го користи болничкиот комплекс Ал Шифа како главен команден центар.Израелската војска стигнала и до болницата Рантиси, во предградието Ал Наср и ја опколила, пишува „Тајмс оф Израел“.