29
Мал авион се урна во населен дел од градот Сими Вали во близина на Лос Анџелес, при што загина едно лице во авионот и беа оштетени две куќи, соопштија официјални лица. Противпожарните екипи брзо реагирале, а полицијата го опколила подрачјето и ги предупредила граѓаните да се држат настрана. Противпожарната служба на округот Вентура потврди дека во куќата во моментот на несреќата имало луѓе, но дека сите биле евакуирани. Властите не објавија никакви информации за пилотот на едномоторниот авион „Ван РВ-10“. Исто така, тие не прецизираа што можело да предизвика пад на авионот.