110
Тензично беше вечерва при крајот на првиот протест во Белград против прифаќањето на француско-германскиот план за Косово. Како што пренесува Н1, полициската единица опремена за разбивање демонстрациите спречи насобраните демонстранти да стигнат до влезот во зградата на Претседателството.
Таму беше турната полициската ограда и беа фрлани јајца кон зградата.
Професорот Дејан Мировиќ во име на насобраните се обиде на главниот влез на Претседателството да предаде четири барања од протестот, кои никој од полицајците кои го блокираа влезот не сакаше да ги прифати, јави Бета.