Добро запомнете го овој рецепт за највкусен летен ручек без месо
Ручекот од тиквички и компири е јадењето што ќе го обожавате ова лето. Оди одлично со риба и месо, но можете да го јадете и како самостоен оброк, бидејќи вкусот е совршен самиот по себе!
Состојки:
- 500 г компири
- 300 г тиквички
- 2 дл кисела павлака
- 1 кромид или три млади кромида
- 50 г рендан кашкавал
- 100 мл млеко
- 1 лажица брашно
- 1 чешне лук
- сол
- свежо мелен бибер
- мускатно оревче
- мајчина душица
Поврзани објави
Приготвување:
Излупете ги компирите и исечкајте ги на што потенки крукчиња. Добро измијте ги тиквичките и неизлупени исечкајте на крукчиња.
Подмачкајте огноотпорен сад со путер и во него наредете ги компирите и тиквичките наизменично. Потоа, исечкајте кромид на кругови и наредете ги одозгора. Сето тоа посипете го со мајчина душица.
Разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, бибер и рендано мускатно оревче. Прелејте ги компирите и тиквичките со добиената смеса.