Почетна СветГрција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар во југот

Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар во југот

од nenad
1 минути читај за

Преку европскиот механизам за цивилна заштита, Грција испрати два канадери во Албанија за да помогнат во гаснењето на големиот шумски пожар во општина Фојник во јужниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, двата канадери кусо пред 18 часот попладнево од Солун полетале за Албанија.

Воздушна помош за соседната земја е преку Европскиот механизам за цивилна заштита, што беше активиран по барање од албанската влада.


Post Views: 15

Извор : vesnik-ilinden.com

Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар во југот