Почетна Убавина и здравјеСе сели од Србија – Марија Шерифовиќ поради оваа жена реши на драстична промена

Се сели од Србија – Марија Шерифовиќ поради оваа жена реши на драстична промена

од nenad
1 минути читај за

Пејачката повторно на Бали, каде што пронашла мир, одговори и нова животна насока

Пејачката Марија Шерифовиќ по вторпат во рок од два месеца отпатува на Бали, а како што се дознава, кон крајот на годинава планира и трајно да се пресели таму. Таа јавно призна дека токму на ова егзотично место го пронашла внатрешниот мир и одговорите што со години ги барала.

Заедно со пријателката и колешка Јована Пајиќ, Марија повторно ја посетила Вања – жена која ја запознале при првото патување и која, како што вели пејачката, ѝ го променила животот. Таа објасни дека станува збор за психотерапевтски ритрит и предупреди дека довербата треба внимателно да се дава, бидејќи на Бали има многу „продавачи на магла“.

Како што се наведува, Шерифовиќ веќе се распрашува за купување недвижнина на Бали и сериозно размислува таму да го продолжи животот. „Докторка Вања“, како што ја нарекува, ѝ помогнала да се врати кон себе и да се соочи со длабоки, долго потиснувани емоции.

Марија на Инстаграм искрено призна дека десет дена биле доволни за целосна внатрешна промена и дека сфатила оти човек не може сè сам. По првото доаѓање, таа заклучила дека Бали е магично место каде секој го наоѓа она што му недостасува – а таа, како што вели, го пронашла токму тоа што ѝ било потребно.

Printscreen/Youtube/Marija Šerifović