Страшната трагедија што ја доживеала Валери, ја натерала на очаен потег, но сѐ уште постојат добри луѓе околу нас
По 9 месеца бременост, неколку дена пред терминот за породување, Валери, за жал, добила трагична вест дека нејзиното бебе веќе е мртво. Младата жена била скршена. Ситуацијата уште повеќе ѝ ја влошувал фактот што останала со празна детска соба, која била полна со играчки и детска гардероба. Ѝ требало малку време, но конечно одлучила да го продаде креветчето од собата. Не била подготвена за тоа што се случило откако продала едно обично детско креветче. Сега, оваа прекрасна приказна се шири низ целиот Интернет.
„Цела недела знаев. Не се поместуваше многу. Бев многу нервозна“, изјавила Валери.
По трауматичното искуство, таа не можела да им се приближи на работите што ги подготвила за синот, а камоли да ги продаде. Работите седеле во собата една година. Сепак, по некое време одлучила да ги продаде сите работи на гаражна распродажба. Тоа било многу тешка одлука, но успеала да се натера себеси да ги продаде работите – дури и креветчето за коешто била најмногу врзана. Сметала дека тоа е последното нешто што некој би го купил.
На нејзино изненадување, постар човек по име Гералд многу брзо го купил креветчето. Гералд поправал стар мебел во слободно време, па помислил дека би можел добро да го искористи креветчето. Како што тој кажал подоцна, Валери многу се премислувала и му се чинело дека таа воопшто не сака да го продаде креветчето.
Поврзани објави
Но благодарение на неговата упорност, таа попуштила. Гералд не ја знаел причината зошто Валери продавала детски работи, па мислел дека нејзиното дете едноставно ги надраснало сите овие работи. За среќа, неговата сопруга претходно зборувала со Валери и ја прашала зошто го продава сето тоа, а таа ѝ објаснила дека нејзиниот син починал пред породувањето. Кога се вратил дома, сопругата на Гералд му ја раскажала целата приказна и тие сфатиле дека креветчето навистина многу ѝ значи на жената.
Одлучиле да го вратат креветчето назад. Но Гералд, исто така, сфатил дека не може само да го врати креветчето, па одлучил да го претвори во клупичка која ќе биде спомен на починатиот син на Валери.
Седум дена подоцна, Гералд отишол кај Валери со овој прекрасен подарок. Неупотребеното креветче било претворено во прекрасна клупичка, на која таа ќе може да седи и да се сеќава на својот син. Валери се расплакала кога видела што направил за неа овој комплетен странец.
„Навистина прекрасно! Ова е доказ дека постојат добри луѓе на светот“, рекла Валери.