Рита Ора деновиве ужива со сопругот на јахта на Ибица, додека го покажува своето згодно тело во бикини
Рита Ора никогаш не изгледала подобро! Таа ужива во животот додека го поминува летото на јахта на Ибица. Облечена во минијатурно зелено бикини, Рита гордо го покажува своето извајано тело.
Но пред само 3 години, оваа атрактивна пејачка со потекло од Косово, беше буцка.
Ја запознавме уште додека беше во врска со Роб Кардашијан, кога се појави во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“. Единствениот маж во семејството Кардашијан тогаш зборуваше дека Рита му го скршила срцето, бидејќи го изневерувала и на крајот го оставила.
Пејачката има дадено само една изјава за својот љубовен живот, и тоа пред венчавката со Таик Ваитити:
„Морав да бакнам многу жаби пред да го сретнам мојот принц“.
А потоа, се трансформира прекуноќ, доведувајќи го своето тело до совршенство.
Поврзани објави
Ова е диетата што ѝ помогнала на Рита Ора да ги симне тие критични 5 килограми:
„Стомачни мускули се прават во кујна“, изјави еднаш Рита Ора, која смета дека доброто тело почнува да се формира тогаш кога ќе се редуцира исхраната.
Пејачката исфрлила леб од исхраната и ја намалила количината на шеќер и грицки.
„Не јадам леб. Не јадам шеќер. Не умирам од глад, но веќе не јадам тестенини. Наутро појадувам 2 варени јајца, аспарагус и половина шолја мусли со бадемово млеко.
За ручек јадам пилешко или риба со зеленчук.
А за вечера јадам риба со зеленчук и малку компир“, признала Рита.
Анализирајќи го нејзиното мени, нутриционистите заклучуваат дека тоа се заснова на медитеранската исхрана, која со децении важи за најздравата исхрана во светот.
Покрај тоа што внимава на исхраната, Рита вежба како професионален спортист – 5 дена во неделата, и тоа бокс, тренинг со „планк“ и стомачни вежби, прескокнува јаже и џогира.
ФОТО: ИНСТАГРАМ