Почетна МакедонијаКУРТИ: Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари

КУРТИ: Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари

од nenad
1 минути читај за




Косовскиот премиер Албин Курти, во манир на искусен и разборит политичар, ги прифати изразите на жалење на инцидентот и најавата за официјален извештај за настанот. Наспроти очекувањата на некои провокатори, Курти не само што потврди дека дипломатските односи меѓу Скопје и Приштина не се нарушени, не само што одлучно кажа дека не смее да има тензии, туку и додаде: „Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари. Во однос на суштината на прашањето, верувам дека сите потребни мерки се преземаат и дека нови слични инциденти нема да се случуваат во иднина“.