Тејана Тејлор блесна на 83. доделување Златни глобуси во драматичен фустан на Schiaparelli
На 83. доделување Златни глобуси, Тејана Тејлор уште еднаш ја потврди репутацијата на вистинска модна икона. Актерката, позната по филмот One Battle After Another, заблеска на црвениот килим и ги остави присутните без здив, а нејзиното појавување предизвика огромно внимание и кај медиумите и кај фановите.
Она што е особено интересно е тоа што Тејана не носела типичен тесен и провокативен фустан, каков што често се очекува на вакви настани. Наместо тоа, таа се одлучила за драматичен, скулптурален фустан од модната куќа Schiaparelli, чиј дизајн визуелно доминирал на црвениот килим и веднаш ги привлекол сите погледи. Елеганцијата на фустанот, во комбинација со иновативни, речиси архитектонски детали, го направила нејзиниот стајлинг вистински моден исказ на вечерта.
Поврзани објави
Храбар стајлинг и шпекулации за приватниот живот
Покрај модното внимание, Тејана Тејлор се најде и во центарот на трачевите. Медиумите шпекулираат дека таа моментално е во многу близок однос со Леонардо Ди Каприо. Иако шпекулациите се различни, нејзиното присуство на холивудските забави речиси секогаш предизвикува големо внимание — особено кога станува збор за познатиот оскаровец. Интересно е што Тејана има 35 години, што на прв поглед не се вклопува во вообичаениот избор на партнерки на Ди Каприо, бидејќи јавноста често забележува дека тој преферира помлади девојки.
Како и да е, сите очи биле вперени во нејзиниот храбар и гламурозен стајлинг. Тејана покажала како класичните модни парчиња можат да се спојат со драматични детали, создавајќи ефект што се памети. Нејзиното појавување на црвениот килим е доказ дека вистинската комбинација на стил, самодоверба и моден инстинкт е доволна за да ги воодушеви и најкритичните модни експерти.
ФОТО: Инстаграм