Почетна ТехнологијаДве лица повредени во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

Две лица повредени во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

од nenad
1 минути читај за




Две лица се повредени во сообраќајка која се случила вчера наутро на патот Радовиш-Штип. „Вчера во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки,

управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, Штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.