Легендарниот пејач едвај издржа на последниот настап во Бања Лука, а сега е хоспитализиран во Сараево.
Здравствената состојба на легендарниот пејач Халид Бешлиќ последниве денови предизвикува голема загриженост. На својот последен концерт, одржан пред шест дена во Бања Лука, пејачот тешко се движел и поголемиот дел од настапот го минал седејќи на столица.
Пред своите обожаватели, Халид Бешлиќ јавно признал дека се чувствува лошо и дека болката го мачи низ целото тело.
Едвај дојдов. Лошо се чувствувам. Боли овде, боли онде, но треба да се работи,“ изјавил пејачот, по што публиката го наградила со громогласен аплауз.
@podsjeti_see1 #fyp #halidbeslic #koncert #banjaluka #goviral #muzika ♬ original sound – Podsjeti_see
Поврзани објави
Состојбата се влошила и пејачот бил итно хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Таму се наоѓа на Одделението за нефрологија, каде што започнал процес на лекување и рехабилитација.
Заради овие проблеми, Халид Бешлиќ мораше да го откаже и планираниот концерт во Градачац. И покрај здравствените потешкотии, пејачот останува оптимист, додека неговите фанови ширум регионот му испраќаат искрени желби за брзо оздравување.
printskrin Youtube -balkast halid beslic