Пејачката откри детали за разликата во години по веридбата во живо
Пејачката Мина Костиќ доживеа еден од најемотивните моменти во животот кога нејзиниот партнер Мане Ќурувија, познат како Каспер, ја запроси за време на емисија во живо. По само седум месеци врска, таа без двоумење го кажа судбоносното „да“, пред милионска публика, покажувајќи дека љубовта не познава правила.
Иако јавноста веднаш почна да шпекулира за нивната разлика во години, вистината е дека Мина е постара од својот вереник пет години. Пејачката неодамна го прослави својот 50. роденден, а за возраста на Каспер претходно зборувала само еднаш, со доза хумор и искреност.
Го чувствувам тоа во душата, во срцето, во главата. Па и ако ме лаже, убаво ме лаже. Тој има 45 години, висок е 198 сантиметри и тоа е вистина“ – изјави Мина во една од претходните изјави, со што ги разоружа сите коментари и сомнежи.
Очигледно, разликата во години не претставува никаква пречка за овој пар. Напротив, нивната врска зрачи со сигурност и заемна поддршка, а веридбата само потврди дека љубовта, кога е искрена, е поважна од било која бројка.
Printscreen You Tube/AmiG Show