Почетна Убавина и здравјеСептември полн со убавина, инспирација, стил и грижа за себе – Убавина и здравје

Септември полн со убавина, инспирација, стил и грижа за себе – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Преубав месец поради нежноста на сонцето, свежината на ноќите, изобилството на плодовите и позлатените полиња… Но септември за многумина е и малку „тешок“, бидејќи значи збогување со летото.

Во новиот број на „Убавина и здравје“, за вас трагавме по убавите нешта кои ќе ја обележат есенската сезона – од грижа за себе, модни трендови, активности за разубавување на секојдневието (стр. 45), до инспиративни приказни за жените што нè мотивираат.

Овој септември, посакавме да навлеземе и подлабоко во човечката душа, зборувајќи за теми кои се важни, како што се причините што можат да натераат некого да посегне по најскапоценото нешто – сопствениот живот (стр. 65).

Во сегментот „У&З жени“, ви ја донесуваме приказната од насловната – холивудската ѕвезда Деми Мур, како и интервјуа со креативни млади жени од домашната сцена кои владеат на социјалните мрежи. Покрај индивидуалните приказни, во нашата редакција се збогувавме со летото на свој начин – со нашата традиционална забава Bye, bye summer, за полесно да го пречекаме новиот сезонски ритам, полн со активности и нови можности.

Во новиот број, исто така, ќе најдете:

  • У&З тренд: есенски хитови, мача-топчиња а ла Кардашијан, беби-кркми, нов филм на Јоргос Лантимос и многу повеќе (стр. 13–22)

  • Убавина и стил: совети за нега, хидрирана коса, нежни допири и стилски проверки за есен 2025 (стр. 44–58)

  • Вити и здрави: важни теми за превенција на самоубиства, репродуктивно здравје и есенски настинки (стр. 66–72)

  • У&З живот: патувања што лекуваат, тајните на фаталната жена, практични оброци и инспиративни приказни од нашите соговорници (стр. 73–89)


Поврзани објави

Се подготвивме да уживаме во убавината на есента, со внимание кон себе, здравјето и инспирацијата околу нас. На насловната оваа есен, со насмевка и елеганција, е Деми Мур – славна и обична, вистински симбол на женска сила и автентичност.

Следниот број излегува во октомври – ве очекуваме со нови идеи, инспирации и трендови!

НА НАСЛОВНАТА: ДЕМИ МУР

ФОТО: ПРОФИМЕДИА