Почетна ЕкономијаТошковски: Еколошките институции да ги посетат сите депонии

Тошковски: Еколошките институции да ги посетат сите депонии

од nenad
3 минути читај за

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, апелираше до сите релевантни институции за еколошка заштита, со акцент на Министерството за животна средина и сите инспекторати и директорати, да покажат максимална посветеност. Тој побара од секој да дејствува во рамките на своите компетенции и да ги посети сите депонии, без разлика дали се легални или нелегални. Целта е да се утврди не само дали поседуваат дозвола за работа, туку и дали работат во согласност со професионалните стандарди и законските прописи.

Одговарајќи на прашањата на новинарите по уништувањето на запленети наркотични дроги и оружје во фабриката „Макстил“, Тошковски истакна: „Треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, дека треба сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

Во врска со безбедносната состојба и евентуалните хибридни напади преку пожари, Тошковски изјави дека постојат индиции во изјавите на премиерот и директорот на ДЗС. Сепак, поради тековната истрага, тој не можеше да сподели повеќе детали. Тој додаде: „Будни сме, присутни сме на терен. МВР ги превзема сите потребни надлежни дејствија“.

За пожарот во фабриката во Трубарево, Тошковски информираше дека се извршени информативни разговори со четири лица и за дел од нив се постапува по насоки на Јавен обвинител и с ебара мерки за обезбедување на нивно присуство, а по наредба на јавен обивнител беше предложено да се оди со краткотраен притвор. Тој увери дека МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки и дека секој за кој ќе се докаже дека учествувал во еколошки криминал ќе биде соодветно санкциониран.

„Убеден сум дека во истата насока ќе продолжат и обвинителството и судот заради тоа што македонските граѓани заслужуваат и безбедна и чиста Македонија во која што би живееле особено од еколошки аспект“, изјави Тошковски. Тој додаде дека истрагата за пожарот во Трубарево ќе оди најдлабоко што може, уште од самиот почеток на работењето на правното лице.

„Всушност оние кои што беа задржани и оние за кои им е одреден краткотраен притвор се поврзани со сопственичка или управувачка структура во рамки на комапнијата. Така, што ќе биде нужно да се истражи и расветлат сите овие прашања и јас би одел чекор подалеку, не само за оваа фирма, би ги повикал сите институции надлежни во Македонија, особено Министерството за животна средина и сите оние инспекторати, директорати и еден тон институции кои што го имаме, а се поврзани со еколошка заштита, максимално да се вклучат во рамки на преземање на сите нивни надлежни дејствија согласно закон“, изјави Тошковски.

Според Тошковски, ретко се постапува во согласност со сите професионални стандарди и безбедносни мерки во земјава. Тој потенцираше дека доколку институциите си ја вршеле работата како што треба, немало да дојде до сегашната ситуација.

Тој заклучи: „Факт е дека институциите се дерогирани повеќе од 30 години во Македонија, се уништувани, се запуштувани, раководени од несоодветен кадар, нефокусирани во насока на преземање на нивни надлежности, непревземање на професионални стандарди. Ако МВР, Агенцијата за одземени имот, Макстрил, ОБСЕ и сите ние можеме да ги почитуваме сите професионални стандарди во уништување на ваков тип на оружје и дрога, не гледам зошто не би требало да ги почитуваат и сите останати компании, кои што се занимаваат со специфичен тип на дејности, од аспект на складирање на електронски отпад и т.н.“.

Зборувајќи за пожарот во Трубарево, Тошковски нагласи дека „треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

Тој додаде: „Должни сме конктретниот случај да го истражиме најдлабоко колку што можеме, но должни се и сите останати инспекторати, дирекции и други институции, секој во рамки на своите надлежности, да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно дозволата за работа, согласно професионални стандарди и законски утврдени правила на игра, дали постапуваат согласно подзаконските акти, како треба да се чува тој отпад, како треба да се складира, како треба да се уништува, во кои временски периоди треба да се преземаат дејствијата, и т.н“, изјави Тошковски.

Извор: МИА