Почетна ТехнологијаСемејствата во Кочани заслужуваат неселективна правда и одговори за трагедијата – МАКТЕЛ

Семејствата во Кочани заслужуваат неселективна правда и одговори за трагедијата – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

По трагедијата на 16 март во Кочани, досегашниот тек на истрагата покажува селективност и нетранспарентност. Семејствата во Кочани и граѓаните заслужуваат одговори. Но, место тоа, имаме селективна истрага,  која на моменти се води дури и бомбастично, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма. Таа потенцираше дека по една ваква трагедија никој нема право на оправдувања или селекција.

-Сепак, ние сега гледаме селективна истрага. Додека претходниот министер за економија е во притвор, сегашниот изјавува дека не ги знае надлежностите и овластувањата, велејќи: „Јас немам ништо со ова и со лиценците.“ Не слушнавме ништо ниту за полициските службеници кои имаат обврска да го прават планот за ризик, само гледаме дека има суспензија. На јавноста ѝ се потребни одговори и овој процес мора да биде транспарентен. Граѓаните и семејствата во Кочани заслужиле да имаат одговори за трагедијата, рече Лукаревска. Лукаревска се осврна и на формирањето на анкетна комисија која треба  да започне со работа во соодветно време, но не смее да биде замена за истрагата.

-Истрагата за трагедијата во Кочани треба да покаже веродостојни резултати. Анкетната комисија не смее да ја замени истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство и не смее да биде мост за добивање на евтини политички поени, рече Лукаревска.