По 16 концерти во француската престолнина, пејачката се враќа во Лас Вегас со синовите, но и со новиот член на семејството, пудлицата Медисон, која не ја испушта од прегратка.
Селин Дион го напушти Париз на 19 октомври, по повеќе од месец и половина престој и 16 одржани концерти во „Пленитуд арената“. Пејачката се упати кон својот дом во Лас Вегас, а додека заминуваше кон аеродромот, посебно внимание привлече нејзиното куче Медисон. Малата пудлица беше сместена во нејзините прегратки, удобно завиткана под капутот.
Дион пристигна во Париз на 28 август и престојуваше во луксузниот хотел „Ројал Монсо“. За време на престојот редовно излегуваше за да ги поздрави обожавателите што ја чекаа пред хотелот. На патувањето кон Лас Вегас ја придружуваа нејзините 15-годишни близнаци Нелсон и Еди, како и Медисон, кучето што го вдомила на почетокот на годината. Миленичката во меѓувреме станала нејзин речиси неразделен придружник.
Нејзиниот најстар син, Рене-Шарл, ѝ се придружил пред првиот концерт, но не бил забележан со остатокот од семејството при заминувањето од Париз. По последниот настап, одржан на 17 октомври пред илјадници гледачи, пејачката емотивно им се заблагодари на фановите за поддршката за време на нејзините здравствени проблеми. Таа призна дека тешко ѝ е да поверува дека концертната серија веќе завршила и дека публиката веќе ѝ недостига.
Поврзани објави
Фотографии може да погледнете ОВДЕ
Сепак, разделбата со париската публика нема да трае долго. Дион најави ново враќање во француската престолнина во мај, кога се планирани уште десет концерти во „Пленитуд арената“. До тогаш, пејачката ќе се одмора во Лас Вегас, а нејзината мала пудлица Медисон очигледно ќе продолжи да ѝ прави друштво и да ги освојува симпатиите на обожавателите.
Screenshot youtube – Celine Dion