Наставничката Елена Накова од Злетово се прости од своите ученици Никола и Матеј, кои загинаа во страотниот пожар во дискотека во Кочани.
Таа на Фејсбук објави потресна порака.
„Драги деца, не можам да им верувам на сопствените очи и уши дека веќе не сте тука, не можам да го заборавам моментот кога бевте 9-то одделение, кога јас бев ваша учителка, моментот кога седевте во иста клупа“, напиша таа.
Таа потоа продолжи да ги опишува децата кои загинаа во пожарот.
Поврзани објави
„Николче, слатко дете со слатка насмевка и посветеност отсекогаш ме воодушевуваше, од вчера ми ѕвонат ушите од твоето рецитирање на песната „Кога ја сакав Дениција“, а Матејче во понеделник и секој ден потоа, кога излегуваше од училницата, ме испраќаше со зборовите „Убава, вечна учителка“, додава учителката.
Елена додава дека викендов и бил најлошиот викенд кога слушнала за трагичниот инцидент и сфатила дека многу од децата повеќе не се со нив.
„Патувајте мирно, ангели, Господ Бог да ве прими во царството небесно и да продолжите да ширите позитивна енергија на ангелите! Патувајте безгрижно до вашиот нов дом, бидејќи за вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не бледнеат, ниту вашето присуство меѓу најблиските“, напиша наставничката во потресна објава.
Фото: Фејсбук Принтскрин https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10226803533851269&set=a.1042685584235&type=3&ref=embed_post