Почетна Убавина и здравјеСега актерот ѝ изјави љубов пред цел Холивуд! – Убавина и здравје

Сега актерот ѝ изјави љубов пред цел Холивуд! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Тимоти Шаламе не ја криел љубовта кон девојка му Кајли Џенер, на која јавно пред сите ѝ кажал „Те сакам“

Тимоти Шаламе е актер за којшто допрва ќе слушаме пофалби, но изгледа дека 2026 ќе биде негова година. Сѐ започнало со 31. доделување награди по избор на критичари, на кое 30-годишниот актер освоил награда за најдобар актер.

Но најголемо внимание привлекол со тоа што пред сите ѝ изјавил љубов на својата девојка Кајли Џенер.

Тимоти бил во конкуренција со славниот Леонардо Дикаприо, но наградата сепак му припаднала на помладиот актер.

Филмот на Дикаприо „Една битка по друга“ освоил награда за најдобар филм, додека Џеси Бакли ја изненадила конкуренцијата кога освоила награда за најдобра актерка за својата глума во серијата „Хамнет“.

Јавна изјава на љубов што сите ги изненадила

Тимоти Шаламе при преземањето на наградата ги изненадил сите со тоа што кажал:

„Ѝ благодарам на мојата партнерка со која сум три години. Те сакам. Не би можел да го постигнам ова без тебе, ти благодарам многу.“

Поврзани објави

Кајли изгледала како да ќе заплаче, додека со восхит гледала во Тимоти на сцената и му возвратила со: „Те сакам и јас тебе“.

Врска што на сите им личеше како добар маркетинг

Кога козметичкиот могул Кајли Џенер, една од сестрите Кардашијан, била видена како се бакнува со Тимоти Шаламе, сите веднаш помислија дека станува збор за маркетинг.

„Веројатно мамаџерката ги вмешала своите прсти тука“, се зборувало низ Холивуд.

Инаку, Кајли е млада мајка на две деца, кои ги добила со раперот Травис Скот, со кого со години била во врска. Откако раперот ја изневерил, Кајли се свртела кон младиот и перспективен актер Тимоти Шаламе.

Се зборуваше дека поради него заборавила и на децата и на семејството и дека го следи насекаде, додека тој е ладен кон неа. На Кајли ѝ се имало случено неколку пати да го остави сиот свој бизнис и да го прелета пола свет за да биде на црвениот килим покрај Шаламе, додека тој ги игнорирал некои од важните моменти во нејзината кариера.

Изгледа дека некој го искритикувал Тимоти, па тој сега одлучил пред сите јавно да каже дека ја сака Кајли.

ФОТО: Инстаграм