Љубовта на Карлеуша и Тошиќ заврши, а еве како беше порано…
Најинтригантната двојка на јавната сцена Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ склучија брак во 2008 година. Нивната врска имаше големи подеми и падови, а во последно време бракот им беше доста бурен, а љубовта на Карлеуша и Тошиќ прилично таинствена.
Со оглед на тоа што ја чуваа својата врска во тајност по немилиот настан што се случи во пресрет на Божиќ, потсетувајќи се на нивните изјави на љубов во кои ги опишуваа првите денови од нивната романса, останува само да се прашаме каде исчезна неизмерната љубов што ги спои.
Од хармоничниот брак добија две прекрасни ќерки Атина и Ника, а како почна се’, Јелена раскажа во во една прилгода:
Нашиот брак почна од првиот момент кога се бакнавме ‒ ЈК еднаш сподели малку познати детали од нејзиниот емотивен живот.
Поврзани објави
Тогаш Душко играше фудбал во Франција и дојде во Србија на одмор. Кога требаше да се врати на подготовките, ми беше тешко, мислев дека нема да се видиме долго време. Но, штом слета во Франција, ми испрати порака: „Спакувај си ги работите и дојди кај мажот“. И знаеш што направив? Се спакував и отидов кај него веќе следната недела.
Во тој момент се познаваа нецел месец и сонуваа за заедничката иднина. Љубовта на Карлеуша и Тошиќ беше нераскинлива. Така барем се мислеше…
Почнавме да живееме како да сме во брак, да сонуваме за иднината, децата. И нашите соништа се остварија. Покрај мојот Душко го доживеав она за што сонува секоја жена. Се исполнив како сопруга и мајка, сакана сум, исполнета и среќна.
И по разводот, се’ уште се слушаат изјавите на Карлеуша за Тошиќ, оние најискрените. Без лагите и прељубите…
Фото: Printscreen Instagram @karleusastar