Доколку се осмелите да го испробате овој трик на Норвежаните, јавете ни дали ви се допаѓа
Дали ви се верува дека кафето со малку сол е повкусно од она со шеќер? Норвежаните се колнат во овој трик!
Тие со децении додаваат сол во кафето. Сепак, станува збор за многу мала количина. Само ронка сол е доволна и кафето станува поблаго, поурамнотежено и повкусно, без да додавате шеќер.
За една шолја кафе доволни се само неколку кристали или минимална, речиси незабележлива количина. Ако се претера, солта нема да го поправи вкусот, туку ќе го расипе.
Баристите велат дека ова е еден од најлесните начини да се подобри премногу горчливото кафе. И, што е најинтересно, не станува збор за необична навика, туку за начинот на кој нашите сетилни рецептори го доживуваат вкусот.
Зошто се менува вкусот на кафето?
Поврзани објави
Солта не дејствува магично, туку физиолошки. Натриумот делумно ја намалува перцепцијата на горчината, поради што кафето се чини помеко, а понекогаш дури и малку послатко. Овој ефект особено се забележува кај кафињата со темно пржени зрна, каде што горчливите ноти честопати доминираат.
Кога горчината ќе се повлече во втор план, доаѓаат до израз нијанси кои претходно биле потиснати. Во таквото кафе полесно се чувствуваат чоколадото, јаткастите тонови, карамелата или благите зачински ноти.
Солта влијае врз аромата на кафето
Уште еден интересен ефект на солта е нејзиното дејство на аромата. Кога горчината веќе не доминира, мирисот на кафето станува појасен и поинтензивен. Токму затоа, некои професионалци сметаат дека солта е посуптилна од шеќерот, бидејќи не го прикрива вкусот, туку го балансира.
Овој трик може да помогне и кога водата му дава премногу киселост на кафето. Малата количина на солл ги ублажува острите, кисели ноти и го прави вкусот посладок.
Слични начини на подготовка постојат и во други делови од светот. Во Турција и на Тајван, солта понекогаш се додава директно во ѓезвето или во водата при варењето, за да биде напивката помека и поурамнотежена.