Почетна СветСветскиот Македонски Конгрес најостро го осудува грубото мешање на Софија во обидите за денационализација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес најостро го осудува грубото мешање на Софија во обидите за денационализација на Македонците во Албанија

од nenad
1 минути читај за

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува грубото мешање на Софија во обидите за денационализација на Македонците во Бугари!

Етнички Бугари во Албанија нема!

СМК смета дека институциите на власта на Албанија се должни да го оневозможат секоја злоупотреба на странска држава која има за цел Македонците во Албанија да ги претставува за Бугари!

СМК за непримерно го оценува однесувањето на актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски кој перманентно овозможува Софија да промовира антимакедонски политики во Мала Преспа.

СМК бара актуелниот градоначалник на општина Пустец да ги оневозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија, поради лукративни причини, да вршат суптилна злоупотреба на Македонците во образованието, здравството и комуналните работи на локалната самоуправа!


Post Views: 14

Извор : vesnik-ilinden.com

Светскиот Македонски Конгрес најостро го осудува грубото мешање на Софија во обидите за денационализација на Македонците во Албанија