Почетна МакедонијаСветска недела на доење: Бебињата што се доени имаат за 2,6 поени повисоко IQ од оние кои не се доени

Светска недела на доење: Бебињата што се доени имаат за 2,6 поени повисоко IQ од оние кои не се доени

од nenad
1 минути читај за

Со кампањата во светски рамки се опфаќаат сите мајки и нивните различности во текот на нивнотo патување во мајчинството и доењето, прикажувајќи ги начините на кои семејствата, општествата, заедниците и здравственитe работници можат да ги заштитат мајките доилки. Светската алијанса за акција за доење (WABA) во текот на Светската недела на доење #WBW2024, се фокусира на преживување, здравје и благосостојба, ќе ја покаже потребата од подобрување на поддршката за доење за да се намалат нееднаквостите што постојат во општествата. Оваа поддршка вклучува политики и ставови кои позитивно ќе одговорат на жените кои дојат, систем за здравствена заштита прилагоден за жените и доењето, почитување на автономијата на жената и на нејзиното право да дои во секое време, каде и да е.

„Од 0 до 6 месечнa возраст хранење на доенчињата со мајчино млеко и ништо друго, им гарантира извор на храна кој е уникатно прилагоден на нивните потреби за хранливи материи, а истовремено е безбеден, чист, здрав и достапен без разлика каде се наоѓаат“, велат во ИЈЗ. За поддршка на мајките, потенцираат во ИЈЗ, е потребна поддршка на жените да дојат во секое време и да не се цензурира доењето во јавност. Потоа, потребни се ефективни породилни права, кои не ги принудуваат жените да бираат помеѓу семејството и професијата. Исто така, потребни се и обучени здравствени работници кои можат да пружат почит, помош, поддршка на жените кои дојат, а потребно е и да се стави крај на, како што велат во ИЈЗ, експлоататорските промоции на бебешко млеко во секој контекст.