Во наредните десетина до петнаесет дена, на македонските полиња се очекува да започне есенското сеење на житните култури.
Заменик-претседателот на Здружението на земјоделци, Гоце Сарафимов, изјавува дека овие врнежи од дожд се добредојдени за фармерите, бидејќи навестуваат плодност и тие се надеваат на поуспешна година.
Тој укажува дека токму поради ова, по новото сеење на јачменот и пченицата, се надеваат дека идната година ќе имаат подобро производство и пообилен принос. “Овие дождови се добредојдени, бериќет што се вели.”
“Има низ цела држава, а во штипско дожд има околу 60 литри. Што значи дека за неколку дена и тие ниви што не се изорани ќе се изораат и ќе почне за петнаесеттина дена со сеидбата,” изјави Сарафимов.
Според него, дополнителна надеж влева средбата на земјоделците со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што се утврдени иновациите во врска со субвенционирањето.
Серафимов вели дека цената е делумно прифатлива за фармерите, но се надева дека со овие промени ќе има поголеми области насадени со пченица и јачмен.
вдј/ев/Фото:МИА
Извор: МИА