Пејачката откри детали за својот однос со колегата и фрли ново светло врз гласините…
Сандра Африка конечно реши да проговори за својот однос со популарниот пејач МЦ Стојан. Откако со месеци траат шпекулации за нивната наводна романса, пејачката реши да ја отвори душата и да одговори директно.
Се знаеме одамна, имаме одличен однос и многу се почитуваме,“ рече Сандра, но не сакаше прецизно да одговори дали меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Наместо тоа, таа остави простор за да работи имагинациајта на многумина и кусо истакна:
Поврзани објави
Некои работи е подобро да останат наши.“
Двајцата често се појавуваат заедно, а неодамна беа видени и на заедничко патување, што дополнително ги поттикна гласините. Сепак, ни Сандра ни МЦ Стојан досега не потврдија ништо официјално.
Фановите се поделени – едни навиваат за љубовна врска, други сметаат дека се само добри пријатели и музички соработници. Но едно е сигурно – хемијата меѓу нив не може да се сокрие.
printskrin Youtube-blic