Извештајот за успешност на “Реформа во јавната администрација” објавен денеска од Државниот завод за ревизија покажува дека новите клучни закони за реформа на јавната администрација не се носат, реорганизацијата на државните органи продолжува, активностите не се целосно реализирани и кадровските капацитети се недоволни. Бидејќи реформата на јавната администрација е дел од преговарачкиот процес во рамките на Кластерот-Фундаментални вредности според новата Методологија за пристапување кон ЕУ, ДЗР имаше цел да одговори на прашањето дали преземените активности од надлежните институции обезбедуваат ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022. Ревизијата констатираше дека роковите за донесување на клучните закони за спроведување на реформите во јавната администрација продолжуваат да се одложуваат. Такаѓе, извештајот наведува дека не е извршена целосна оценка на ефикасноста на процесот на реформата на јавна администрација. Финансиските прегледи, оценки и информации за реформските активности немаат систематски ИТ систем за следење, обработка и известување. ДЗР даде препораки за подобрување на ефикасниот систем за планирање, следење, оценка и известување за реализацијата на активностите на новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2023-2030.
Само 52 отсто од планираните активности за реформа на јавната администрација беа реализирани, според ДЗС.
81