Старлетата ги избриша заедничките фотографии и потврди дека врската е завршена
Старлетата Ава Карабатиќ објави дека раскинала со својот дечко Лазар, кого неодамна го претстави пред јавноста, а од социјалните мрежи ги избриша и сите нивни заеднички фотографии, со што стави јасна точка на врската.
Таа се огласи преку социјалните мрежи со емотивна порака, во која призна дека раскинувањето тешко ѝ паднало.
Како што забележавте, ги избришав фотографиите со поранешното момче. Прекрасна личност… Срцето го фрлам на лавовите. Само сакам да кажам дека боли“, напиша Ава, додавајќи:
„Нема веќе ние, има само јас. Така мораше да биде.“
Поврзани објави
Објавата изненади многумина, бидејќи пред само неколку недели таа зборуваше за новата љубов и откри дека со Лазар се познаваат уште од студентските денови, а повторно се сретнале по 18 години. Тогаш истакна дека тој не сака медиумска експонираност, но сепак објави заедничка фотографија.
Сепак, дел од нејзините следбеници изразија сомнеж во автентичноста на врската, обвинувајќи ја дека користела фотографии обработени со вештачка интелигенција. Иако Ава подоцна објави и видео за да ги демантира критиките, по сè изгледа дека нивната љубов не успеала да опстои.
Printscreen/Instagram/ava_karabatic_official’s profile picture ava_karabatic_official