Популарен член на жирито во Ѕвездите на Гранд дошол на снимање во бесен автомобил
Александар Милиќ Мили вчера се појави со нов автомобил на снимањето на новите емисии на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, кое го привлече вниманието на милионска публика.
Мили решил сериозно да не штеди и купил нов автомобил Мерцедес. Станува збор за Mercedes GT, кој го вози и популарната пејачка Дара Бубамара.
Платил вртоглава сума, а како што знаеме цена на ваков модел се движи од 100.000 евра па нагоре.
Поврзани објави
Иако неодамна го загуби спорот што го имаше со Цеца, се чини дека Мили не беше претерано „удрен по џеб“.
Да потсетиме, се започна кога Цеца сфати дека Мили се потпишал како сопственик на фонограмот на сите албуми што ги работел со неа.
„Договорот беше сосема поинаков, поради што Цеца откако го дозна тоа, реши да ангажира адвокати и да започне судска постапка против поранешниот соработник“, вели извор упатен во случајот.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: