Многумина се воодушевија од начинот на којшто Кристијано Роналдо го прослави Божиќ
И покрај бројните обврски што ги има, Кристијано Роналдо му посветил време на семејството, па заедно со нив го прославил Божиќ.
Фудбалерот споделил семејни фотографии на кои се гледа како уживаат на божиќната трпеза, додека сите носат исти пижами.
Роналдо максимално ја искористил зимската пауза од Саудиската Про Лига, така што со своето семејство отишол во Лапонија.
Лапонија е најсеверниот регион на Финска и познат е по своите скијачки центри и поларната светлина, а важи и за официјалниот дом на Дедо Мраз.
Поврзани објави
Роналдо објавил и видео на кое се гледа како децата уживаат со Дедо Мраз, а многумина забележале дека на фотографиите никаде ја нема неговата мајка, која секогаш го следи секој негов чекор.
Најплатениот фудбалер
Инаку, 40-годишниот напаѓач на саудискиот клуб Ал-Насср, со годишна заработка од 260 милиони долари, што е рекорд за еден фудбалер, е прогласен за најплатен спортист на светот четврти пат во неговата кариера.
Роналдо добил плата во износ од 200 милиони долари од Ал-Насср, а уште 60 милиони долари добил од спонзорски и рекламни договори со компании, како што се Nike, Binance и Herbalife.
ФОТО: Инстаграм, Јутјуб