Почетна ПопуларноСали, Чупи, Нуредини и Димитровски побарале апаажа

Сали, Чупи, Нуредини и Димитровски побарале апаажа

од nenad
0 минути читај за

Поранешните министри за здравство и за дијаспора, Беким Сали и Џемаил Чупи од Алтернатива, како и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини од ДУИ и заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски од ДС ќе примаат плата уште една година, доколку собраниската Комисија за избори и именимања им ја одобри бараната апанажа. Четворицата ексфункционери веќе доставиле барања за апанажа до собраниската комисија. Вредноста е дека тие ќе бидат последните функционери кои поднеле оставка или биле разрешени, а да примаат апанажа, бидејќи Уставниот суд неодамна ја поништи одлуката функцонерите на кои предвремено им завршил мандатот да примаат апанажа.