Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска на средбата со Михаел Рот упати благодарност до Германија за усвоената Резолуција во Бундестагот поврзана со македонскиот јазик, историја, култура и идентитет.
– Средба со Претседателот на Kомисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот.
Благодарност за усвоената Резолуција во Бундестагот (јуни оваа година), која е потврда за недвосмислената поддршка на Македонија за влез во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја, како дел од севкупниот мозаик на европската култура.
Се залагаме за уставни измени по 18 години макотрпна работа и влог на повеќе генерации кои треба да бидат крунисани со полноправно членство во ЕУ.
Германија продолжува да биде клучен политички и економски партнер на нашата земја, при што подолг период е најголем трговски партнер на нашата земја. – напиша Османи на Фејсбук.
.


