Пејачката без двоумење одговори на интимно прашање и предизвика бројни реакции
Пејачката Сања Вучиќ предизвика внимание во јавноста со своето искрено признание дека во интимните односи ѝ годи доза на грубост, истакнувајќи дека „малите“ батини се прифатливи – но само ако се умерени.
За оваа тема таа зборуваше за време на гостување во емисијата Амиџи шоу, каде водителот Огњен Амиджиќ ѝ постави директно прашање дали ѝ се допаѓа ваков тип на однос. На пејачката ѝ беше видно непријатно, но сепак одговори кратко и јасно:
Може“.
Таа веднаш додаде дека сè мора да биде во граници на нормалата и дека не станува збор за претерување, нагласувајќи дека умереноста е клучна. Во истиот разговор таа се осврна и на лични промени во изгледот, за кои признала дека денес некои од нив ги жали.
Поврзани објави
Водителот со насмевка реагираше на нејзиниот одговор, додавајќи:
Се разбира, па нема да се истепаме“.
Инаку, пејачката претходно има откриено дека често добива несоодветни пораки и фотографии од непознати мажи на социјалните мрежи, но јасно стави до знаење дека никогаш не би наседнала на такви провокации.
Printscreen/Youtube/AmiGshow