Американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, објави дека испратил емисари во различни делови од светот со цел да се промовираат рестриктивни економски мерки против Иран, вклучувајќи пакети санкции насочени кон ирански финансиски институции и авијациски компании.
„По мои наредби, делегации се упатени ширум светот да водат дијалог со државите и да ја поддржат примената на рестрикции врз иранскиот режим“, објави Бесант на платформата X. „Овие иницијативи покажуваат позитивни ефекти“, дополни тој.
Заменик-министерот за финансии задолжен за сузбивање на финансирањето на тероризмот, Џонатан Бурк, реализираше турнеја низ Блискиот Исток и Европа во траење од две недели, а американското Министерство за финансии одржа состаноци со претставници од над 50 земји, како што објави „Волстрит џурнал“.
Администрацијата на Вашингтон го стави целото воздухопловство на Иран под рестриктивни мерки и предупреди на воведување санкции за секоја институција што ќе соработува со иранските авиокомпании.
Извор: МИА