Американскиот претседател Доналд Трамп денес истакна дека е од суштинско значење државите од Блискиот Исток да се придружат кон „Абрахамскиот договор“, нагласувајќи дека тоа ќе донесе спокојство во регионот.
„Сега кога нуклеарниот арсенал што Иран го „создаваше“ е целосно готов, за мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“, напиша Трамп во своја објава на социјалните мрежи.
Во рамките на „Абрахамскиот договор“, склучен за време на првиот претседателски мандат на Трамп, четири држави со мнозинско муслиманско население се согласија да ги воспостават дипломатските врски со Израел, со американско посредување.
Сепак, напорите за проширување на спогодбата се отежнати поради ескалацијата на жртвите и гладот во Газа, како што наведуваат агенциите.
рп/Фото: МИА архива.
Извор: МИА