Почетна ЕкономијаСАД треба веднаш да го ослободат Мадуро, смета Кина

САД треба веднаш да го ослободат Мадуро, смета Кина

од nenad
0 минути читај за

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска упати повик САД да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да го разрешат спорот околу Венецуела преку разговор и преговори.

Во соопштението, кое е објавено на нивната веб-страница, министерството истакна дека Соединетите Американски Држави треба да ја гарантираат личната безбедност на Мадуро и Силија Флорес, нагласувајќи дека нивното протерување од државата е спротивно на меѓународните закони.

По американската операција, Мадуро и неговата сопруга беа спроведени во Њујорк, каде што Мадуро е задржан во федерален затвор во Бруклин. Тој се товари, меѓу другото, за нарко-тероризам.