Почетна ЕкономијаСАД постигна договор со Украина и Русија за безбедно морепловство во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура

САД постигна договор со Украина и Русија за безбедно морепловство во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура

од nenad
1 минути читај за

Белата куќа денес објави дека САД постигнаа спогодба со Украина и Русија, со цел да се осигури сигурно поморство во Црното Море и да се воведе забрана за напади врз енергетската инфраструктура во двете држави.

Во соопштението се потенцира дека Русија, исто како и Украина, се согласиле на прекин на судирите во Црното Море.

Двете држави се договорија да ја обезбедат безбедноста на морското движење и навигацијата, да го отстранат користењето на сила и да оневозможат трговските бродови да бидат воени цели во Црното Море.

Белата куќа потенцираше дека САД ќе асистираат во обновувањето на пристапот на Русија до светскиот пазар за земјоделски извоз и вештачки ѓубрива, да се олесни пристапот до пристаништата и до системите за плаќање.

Вашингтон, исто така, вети дека ќе ја поддржи размената на воени затвореници, ослободувањето на цивилите и враќањето на украинските деца депортирани во Русија.

Белата куќа наведе дека Вашингтон ќе продолжи да организира разговори помеѓу Русија и Украина. ми/фото: МИА архива. Извор: МИА.