12
Заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, денес апелираше до Шпанија да ги покачи средствата наменети за одбрана, во рамките на нејзините должности кон НАТО.
Во текот на средбата со шпанскиот државен секретар за надворешни и глобални прашања, Диего Мартинез Белио, Ландау ја истакна моќта на партнерството помеѓу САД и Шпанија и ја потенцираше важноста од „продлабочување на соработката низ широк спектар на заеднички интереси“, информираше Стејт департментот.
Ландау и Белио детално дискутираа за „зајакнување на соработката во областа на миграцијата“.