Почетна ЕкономијаРуска делегација во Истанбул за преговори со Украина

Руска делегација во Истанбул за преговори со Украина

од nenad
1 минути читај за

Руска делегација, предводена од Владимир Медински, асистент на рускиот претседател Владимир Путин, стигна во Истанбул, каде што вечерва ќе се одржи третата серија преговори со Украина, пренесуваат руските новински агенции.

Во составот на делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин, шефот на Главната управа на Генералштабот на руската армија Игор Костјуков, како и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

Украинската делегација е зголемена од 12 на 14 члена и во неа сега се вклучени и претставници на канцеларијата на омбудсманот и на Генералштабот на вооружените сили на Украина, објавуваат „Ведомости“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведе дека на состанокот ќе се разгледуваат нацрт-меморандуми кои двете страни ги разменија во минатата рунда. Притоа, ќе се дискутира и за продолжување на размената на воени заробеници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека делегацијата ќе инсистира на темите за враќање на украинските заробеници и децата префрлени на територијата на Русија, како и за подготовка на потенцијална средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

Според прелиминарните информации, преговорите ќе се одржат во палатата Чираган во Истанбул.

Украинската делегација, предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, во моментот се наоѓа во Анкара, каде што украинските преговарачи се сретнаа со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Разговорите меѓу Русија и Украина се предвидени за 19 часот.
ссм/фото: ЕПА .
Извор: МИА