Русија ќе преземе правни мерки против евентуалната конфискација на рускиот државен имот што е блокиран во Финска. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе се спротивстави на таа судска одлука за замрзнување на имотот и ќе ги заштити нејзините интереси, пренесе Ројтерс. Адвокатите кои ги застапуваат интересите на Нафтогас на 27 октомври објавија дека тие го иницирале замрзнувањето руски државен имот во Финска во вредност од десетици милиони долари. Меѓу нив има недвижен имот, што Русија ги има во соседната земја. Нафтогас води судски спор против Русија од 2016 година, пренесува БТА. Украинската државна компанија инсистира за компензација за одземањето на нејзиниот имот од Москва, откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.