Хезболах избра нов лидер, Наим Касем, а една од првите пораки, секако не честитка, пристигна преку социјалната мрежа Икс од Израел, и тоа од тамошниот министер за одбрана, Јоав Галант. Имено, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант испрати порака до новоизбраниот лидер на Хамас дека тој е привремено во улога на лидер на милитантната организација и дека деновите му се изброени. Со ова, тој најави дека Израел планира да продолжи со насочени напади против лидерите на Хезболах и Хамас кои ги смета за главни закани.
Движењето Хезболах, блиско до Иран и составено од либански шиити, за САД, ЕУ и Израел е екстремистичка организација. Оваа ситуација дополнително ја нагласува тензијата во регионот и потенцијалните воени дејствија на Израел во Либан и Појасот Газа. Хезболах, кој игра значајна улога во либанската политика и воените операции, се смета за клучен актер во отпорот против Израел. Смртта на долгогодишниот лидер на групата во септември создаде празнина, но назначувањето на Касем укажува на континуитетот на организацијата.
המינוי – זמני
הספירה לאחור – החלה pic.twitter.com/LfZCHhadD9— יואב גלנט – Yoav Gallant (@yoavgallant) October 29, 2024