Почетна Економија(ВИДЕО) Неверојатниот Јокиќ: Ваков трипл-дабл во НБА немало од времето на Оскар Робертсон

(ВИДЕО) Неверојатниот Јокиќ: Ваков трипл-дабл во НБА немало од времето на Оскар Робертсон

од nenad
1 минути читај за




Кошаркарите на Денвер предводени од Никола Јокиќ по двата стартни порази од Оклахома и Клиперс врзаа две победи и по натпреварот со Торонто славеа и против Бруклин по продолженија со 144:129. Во регуларниот дел средбата резултатот гласеше 125:125. Јокиќ игра фантастично од почетокот на сезоната, а овој дуел го заврши со трипл-дабл каков што во НБА немало од времето на Оскар Робертсон пред 62 години. Српскиот центар имаше учинок од 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции што беше и негов седми натпревар во кариерата со над 25 поени во комбинација со 15 или пвоеќе скоквои и асистенции.

Колку таквите бројки се импресивни говори и податокот дека сите активни кошаркари во НБА немаат толку такви натпревари заедно. Против Бруклин Јокиќ имаше голема поддршка од Џамал Мареј и Арон Гордон кои уфрлија по 24 поени, додека Вестбрук додаде 22 и пет асистенции. За Брклин не беше доволен настапот на Денис Шрудер кој оствари учинок од 28 поени и 14 асистенции. Кам Томас ја заврши средбата со 26 поени, а Камерон Џонсон со 20. ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Минесота – Далас 114-120, Јута – Сакраменто 96-113, Голден Стејт – Њу Орлеанс 124-106